Финансии / Банкарство

ВО СРБИЈА СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ИЗНОСИТЕ ЗА АКЦИЗИ ЗА ПОВЕЌЕ ПРОИЗВОДИ

10.02.2025

Владата на Република Србија неодамна усвои нови износи на акциза заради усогласување со годишниот индекс на потрошувачки цени во 2024 година, чија примена започна на 1 февруари. Овие износи варираат и се однесуваат на акцизни производи како што се нафтени деривати, биогорива, биотечности, но и за кафе, алкохолни пијалоци, тутун и никотински производи.

Акцизата на оловниот бензин ќе се зголеми за 3,07 динари и ќе изнесува 74,54 динари, додека за безоловен бензин од 67,22 ќе се зголеми на 70,11 динари. Се зголемува и усогласената сума на акциза за кафе. За непеченото кафе акцизата ќе се зголеми  за 4,65 динари за килограм, од досегашата акциза од  108,06 на 112,71 динари, додека за печеното кафе  е зголемена за 5,81 динари на  минатогодишните 108,06.

За нискоалкохолните пијалоци, наместо досегашните 28,05, во државната каса ќе се наплатуваат  26,89 динари за литар.

Ваквото усогласување на акцизите со годишниот индекс на потрошувачки цени не значи и автоматско поскапување на сите производи од оваа категорија, пред се горивото, бидејќи државата сепак одлучува колку ќе се плаќа за литар гориво на бензиските пумпи.

За цените за кафето и алкохолните пијалоци, може да дојде до корекција, но тоа зависи од однесувањето на производителите и увозниците.

Со измените на Законот за акцизи, кои стапуваат на сила од 1 јануари 2025 година, покрај никотинските ќесички, како вид тутунски производ подлежат и  билните производи за пушење или греење, како и аромите за наргиле, пренесува „Блиц“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО