Финансии / Банкарство

АМЕРИКАНСКА ОСИГУРИТЕЛНА КОМПАНИЈА ЌЕ ПЛАТИ 1,1 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА ОПОЖАРЕНИТЕ ИМОТИ ВО КАЛИФОРНИЈА

07.02.2025

Една од американските  осигурителни компании денеска објави дека ќе плати 1,1 милијарди долари (1,65 милијарди евра) за штетите предизвикани од пожарите што во јануари ја зафатија Јужна Калифорнија.

Иако исплатата е доста висока, од компанијата велат дека успеале делумно да ги намалат загубите со повлекување од пазарот во Калифорнија, објави Си-Ен-Ен.

Околу 16.600 недвижни имоти биле зафатени од пожарите, а истражувачката компанија, која ги следи трошоците за катастрофи како што се пожари и урагани, проценува дека штетата  може да чини помеѓу 35 и 45 милијарди долари.

Многу осигурителни компании во САД ги откажуваат полисите за сопствениците на куќи поради зголемената закана од шумски пожари во многу области на Калифорнија, пренесува „Политика“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО