Финансии / Банкарство

БРИТАНСКАТА БАНКА ЈА НАМАЛИ КАМАТАТА И ЈА ПРЕПОЛОВИ ПРОГНОЗАТА ЗА РАСТ

06.02.2025

Британската централна банка денеска очекувано ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени на 4,5 отсто. Новата каматната стапка е на најниско ниво од јуни 2023 година.

Банката ја преполови и прогнозата за овогодинешниот економски раст во Велика Британија на 0,75 отсто, пренесува АФП.

Министерката за финансии Рејчел Ривс го поздрави третото намалување на каматните стапки за шест месеци,  која ќе помогне да се намалат притисоците врз трошоците за живот и да им се олесни на компаниите при задолжувањето.

Гувернерот на Банката на Англија, Ендрју Бејли, рече дека централната банка внимателно ќе ја следи состојбата на економијата и она што се случува во светот и „ќе преземе постепен и внимателен пристап кон дополнителното намалување на каматните стапки“.

Банката ја намали и прогнозата за економскиот раст на Велика Британија за оваа година. Според новата проценка на банката растот ќе биде 0,75 отсто, додека во ноември предвидуваа раст од 1,5 отсто. Меѓу причините за ваквото намалување беа заканите од САД за воведување дополнителни царини и влошувањето на економската доверба, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано