Финансии / Банкарство
ТРГОВЦИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА КУПУВАЊЕ НА ЗЛАТОТО ОД ТРЕЗОРОТ НА БАНКАТА НА АНГЛИЈА
06.02.2025
Банката на Англија тргува со златото од своите златни резерви со попуст од 4 фунти (4,8 евра) за унца под цената на лондонската берза. Кај трговците на светските пазари владее големо интересирање за купување на златните прачки кои се понудени од Банката на Англија. Причината за тоа се најавите за зголемување на американските царини, иако американскиот претседател Доналд Трамп не изјавил дека тие ќе бидат наменети и за благородните метали.
Цената на златото во средата порасна на 2.864,99 долари за унца.
Банката на Англија во сопственост има повеќе од 400.000 златни прачки во вредност од над 450 милијарди долари. Ова злато се чува во име на другите централни банки и за некои големи трговци со благородни метали, пренесува РТВ.
фото freepic