Финансии / Банкарство

ЦЕНТРАЛНИТЕ БАНКИ СЕ ГЛАВНИТЕ КУПУВАЧИ НА ЗЛАТО, ПРОДАЖБАТА НА НАКИТ ВО ОПАЃАЊЕ!

05.02.2025

Глобалната побарувачка за злато ги надмина сите рекорди минатата година. Продажбата на злато беше поттикната од големите набавки од централните банки и зголемените инвестиции во овој благороден метал, се вели во извештајот од Светскиот совет за злато.

Минатата година вкупниот обем на трговија со злато изнесуваше 4.974 тони, што е зголемување од 4.899 тони во 2023 година.

Трета година по ред, обемот на глобалната трговија со злато надмина 1.000 тони, а побарувачката од централните банки е голема, се наведува во извештајот што го пренесе CNBC.

Народната банка на Полска минатата година беше најголемиот купувач на злато меѓу централните банки, а таа ги зголеми своите резерви со нови 90 тони злато.

Втор најголем купувач беше Централната банка на Турција, која ги зголеми своите резерви за 75 тони, а трет беше Резервната банка на Индија (RBI), која постојано купуваше злато секој месец. Побарувачката за златни прачки и монети остана висока, поттикната од силниот интерес во Кина и Индија, се додава во извештајот.

Во Индија побарувачката за злато се зголеми откако нејзината влада ги намали увозните давачки за злато од 15 отсто на шест отсто.

Меѓутоа, побарувачката за златен накит се намали минатата година за 11 отсто на 1.877 тони, пренесува „Еуроњуз“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО