Финансии / Банкарство
ХРВАТСКА СО НАЈВИСОКА ЕМИСИЈА НА ЕВРООБРЗНИЦА ОД 2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ПОКРИВАЊЕ БУЏЕТСКИ РАСХОДИ И СТАРИ ДОЛГОВИ
05.02.2025
Министерството за финансии вчера успешно издаде еврообврзница на меѓународниот пазар на капитал во вкупен номинален износ од две милијарди евра, со доспевање во 2037 година, по годишна каматна стапка од 3,25 отсто и со принос од 3,276 отсто.
- Покрај предизвикувачките пазарни услови, интересот од инвестициската заедница беше исклучителен, со над 300 инвеститори, дополнително поддржани од инвеститори кои инвестираат исклучиво во хартии од вредност од инвестициска оценка А. Покрај интересот на меѓународната инвестициска заедница, солиден интерес имаше и од хрватските институционални инвеститори. Ова и овозможи на Република Хрватска да го оствари последното задолжување по цена од дури 30 базични поени пониска од првично објавената цена и да ги собере целните две милијарди евра, посочуваат од Министерството за финансии.
Република Хрватска на тој начин ја реализираше најголемата емисија на меѓународниот пазар со толку долг рок на доспевање, а постигнатата маржа на референтната каматна стапка претставува и најниска маржа досега постигната за 12-годишна рочност.
Покрај финансирањето на општите потреби на државниот буџет, дел од средствата ќе бидат искористени и за отплата на доспеан долг, се вели во соопштението, пренесе „Сеебиз“.
фото freepic