Финансии / Банкарство

СРБИЈА ГО ЗГОЛЕМИ ЈАВНИОТ ДОЛГ ЗА 2,7 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

04.02.2025

На 31 декември 2024 година јавниот долг на Србија изнесува 38,87 милијарди евра, соопшти Министерството за финансии.

Споредено со почетокот на 2024 година, јавниот долг е зголемен за 2,7 милијарди евра.

Во однос на бруто домашниот производ (БДП), јавниот долг всушност се намали минатата година.

Учеството на јавниот долг во БДП на крајот на 2024 година изнесуваше 47,4 отсто, додека на почетокот на годината беше 48 отсто.

Домашниот директен долг на 31 декември 2024 година изнесува 10,6 милијарди евра, додека надворешниот директен долг изнесува 26,5 милијарди евра, пренесе „Данас“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО