Финансии / Банкарство

ВО ТУРЦИЈА ПАЃА ИНФЛАЦИЈАТА, НО И ВРЕДНОСТА НА ЛИРАТА

03.02.2025

Турската лира денеска падна на ново најниско ниво во однос на доларот, бидејќи американската валута се продаваше за помалку од 36 лири односно за 35,9855 лири. На почетокот на 2023 година доларот се продаваше за приближно 18 лири.

Турскиот статистички институт (Туркстат) објави дека годишната стапка на инфлација во земјата паднала на 42,12 отсто во јануари од 44,38 отсто во декември. Централната банка на Турција (TCMB) на 24 јануари одлучи да ја намали референтната каматна стапка за 250 базични поени на 45 отсто, по идентичното намалување на каматната стапка во декември, пренесува „Блиц“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО