Финансии / Банкарство
ЕЦБ ПОВЛЕКЛА ОД ОПТЕК 1,15 МИЛИОНИ ФАЛСИФИКУВАНИ ЕВРА КОИ СЕ „ИСПРАНИ“ ПРЕКУ ЛИЦАТА УАПСЕНИ ВО АКЦИЈАТА „ВАРДАР“
03.02.2025
Исклучително значајна е меѓународната акција „Вардар“ која разоткри мрежа на фалсификување пари во државата, бидејќи ја спроведува меѓународен тим на истражители, соопштија на денешната прес-конференција обвинителите од Јавното обвинителство. Времето на постaпката е скратено, преземени се заеднички акции со истражен тим од Србија, постапката е водена паралелно.
Јавниот обвинител Љупчо Коцевски рече дека вчерашната операција „Вардар“ е активност на меѓународен истражен тим, во рамките на која ЈО со поддршка на МВР и други истражни органи во соработка со органите од соседна Србија, разоткрија мрежа за фалсификување пари во земјава. Во текот на постапката најдени се милион евра, фалсификувани, но и вистински пари. Извршени се претреси, постапка во овој момент се води против шест лица.
Шефот на ОЈОГОКК, Ислам Абази се задржа на формирањето на заедничкиот тим и при постапување на предметот во координација со координаторот за врски, во Европа, Ленче Ристовска оцениле дека има потреба да склучат заеднички истражен тим со Република Србија
Предметниот обвинител, Дејан Петрески рече дека по добиената согласност од институциите постапува по предметот. Вчера во координација со полицијата бил извршен претрес на 18 локации, одземена е поголемо количество на фалсификувани пари, предмети, постапено е по 23 издадени наредби од Кривичниот суд. Акцијата се спроведувала и во Србија.
- Денес Обвинителството донесе наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица, осомничени за кривично дело, злосторничко здружување, перење пари, но ќе видиме во понатамошниот тек од постапката и на сторување на други можни кривични дела. Како резултат на преземените дејствија во текот на вчерашниот ден на териториите на двете држави односно на нашата и на територијата на Република Србија, беа пронајдени и одземени, некаде околу милион евра лажни пари но и вистински пари, опрема и предмети коишто служат за фалсификување на пари, рече обвинителот. Во текот на постапката биле пронајдени предмети, хартија, хемикалија која се користела за изработка на фалсификуваните банкноти. Тој кажа дека во акцијата учествувале целиот систем на кривичен прогон, истражителите-полициски службеници, обвинителите, единица за финансиски криминал, оддел за форензички испитувања, ЕБОР, Кривичниот суд, Бирото за јавна безбедност, биле повикани и претставници на Народна Банка кои помогнале за начинот како се спровело делото.
Ленче Ристовска кажа дека за овој случај имале заеднички тим со Србија, претходната година дена имало пет заеднички тима. Во однос на тема фалсификување на пари земјава имала заеднички истражен тим и со Косово. Таа нагласи дека заедничките тимови се една од алатките на меѓународно соработка, земјите назначуваат свои претставници кои во заеднички тим настан во којшто се инволвирани лица припадници на која било од државите и коишто припадници на одредени криминални групи и преземаат дејствија на територијата на повеќе држави.
- Во конкретниот случај тоа беше на територијата на Србија и територијата на Македонија. Во рамки на овој заеднички истражен тим одржани се неколку официјални координативни состаноци се одржуваа на територијата тука кај нас и во Србија. Имавме и голема поддршка од аспект на експертиза којашто ја добивме од Европол, а се разбира и преку Европравда добивме голем дел од техничката поддршка којашто ни беше потребна преку набавка на одредени услуги коишто ни се од значење за спроведување на истражните активности, рече обвинителката.
Како што соопшти таа на прес конференцијата, според неофицијални податоци до кои дошло обвинителството во повеќе земји на територијата на ЕУ до декември 2024 година, од ваков тип на фалсификати и при класификацијата на фалсификувани пари има милион и 150 и 200 илјади евра.
- Оваа околност дополнително ќе се проверува со нашите европски партнери и до крајот на истрагата ќе имаме точна бројка за импактот што ја имала групата, рече Ристоска.
Ристовска посочи дека Европската Централна Банка повлекла од оптек околу милион 150 илјади евра фалсификувани банкноти коишто припаѓаат на истата типологија на фалсификувани банкноти коишто се најдени на местото на настанот.
- Оваа е бројка до која дојдовме неофицијално. Многу е веројатно тие банкноти потекнуваат од нашата група бидејќи од друга група друг е начинот на изработка други се обележјата на тие фалсификувани пари и тогаш тие не влегуваат во оваа типологија имаат друга типологија, рече Ристовска.
При претресите, како што информираат од Обвинителство, се пронајдени и одземени парични средства во износ од околу 500 000 евра, 25 000 американски долари, 500 швајцарски франци, 1800 израелски шекели, 500 хрватски круни, 10 000 албански леки, 1000 шведски круни и 25 000 рубљи. Воедно се пронајдени топли ваљаци, преси, ЦНЦ машина за изработка на калапи и жигови со кои се изработувале фалсификуваните пари, копии од делови од банкноти, пиштол, куршуми, кесиња со прашкаста бела и кафеава материја, телефонски апарати, сим картички, УСБ, детектор за фалсификувани банкноти, холограми, бројачи на пари, други предмети за фалсификување пари и лаптопи кои ќе бидат предмет на вештачење.
Извор/фото МИА