Финансии / Банкарство
НЛБ Банка Скопје со нов член на Управниот одбор
Катерина Јанковиќ е нов член на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.
По одлуката на Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје и добиената согласност од Народната банка на Република Северна Македонија, од 29.01.2025 година, Katerina Jankovic е нов член на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје. Таа е димпломиран економист и магистер на науки по бизнис администрација во финансии, и докажан професионалец во областа на финансиите со повеќе од две децении искуство во банкарскиот сектор.
Нејзината кариера во банкарството започнува во 2003 година во Охридска Банка и таа го трасира својот пат од благајник во експозитура до највисоките менаџерски позиции во секторите за корпоративни клиенти и население.
Во управата на НЛБ Банка доаѓа од Шпаркасе Банка каде од 2021 година ја извршуваше функцијата Директор на Секторот за население, одговорна за развој на продажната стратегија, планирање и воведување на нови банкарски продукти.