Финансии / Банкарство
СО ЛАЖНИ БАНКНОТИ ОД 50 ЕВРА СЕ ПЛАЌАЛЕ УГОСТИТЕЛСКИ УСЛУГИ ВО ХРВАТСКА
28.01.2025
Полицијата во Хрватска апелира до граѓаните да внимаваат кога ги користат банкнотите од 50 евра, бидејќи во некои од жупаниите се појавиле лажни евра.
- Последните неколку денови на подрачјето на Меѓумурската жупанија се појавиле лажни банкноти од 50 евра, а граѓаните ги користеле како вистински при плаќањето на угостителски услуги и при доставувањето на храна, информираат од полицијата.
Лажните евра биле изработени од неквалитетна хартија, без заштитни обележја (воден жиг, заштитен конец и други заштитни елементи), пренесува „Пословни.хр.“.
фото freepic