Финансии / Банкарство
НЕДЕЛЕН РАСТ НА БЕРЗИТЕ, ДОЛАРОТ ПАЃА, ЕВРОТО ЗАЈАКНУВА
26.01.2025
На светските берзи цените на акциите забележаа силен раст во изминатата недела. Ова е втора недела на раст на вредноста на акциите на американската беза, поради оптимизмот на инвеститорите, кои се охрабрени од најавената економска политика на САД.
Индексот Дау Џонс зајакна за 2,15 отсто на 44.424 бодови, додека СиП 500 порасна за 1,7 отсто односно на 6.101 бод. Индексот Насдак ја зголеми вредноста за 1,65 отсто на 19.954 бодови.
На пазарите за валути вредноста на доларот кон кошничката на светски валути остро се намали. Курсот на еврото во однос на доларот се зголеми за повеќе од два отсто. Минатонеделниот раст на еврото е највисок од втората половина на 2023 година.
Индексот на доларот кон шесте најважни светски валути се намали за 1,8 отсто на 107,47 бодови, што е негова најголем неделен пад од ноември 2023 година Еврото досетигна вредност од 1,0495 долари. Намалувањето на вредноста на доларот во однос на кошничката валути се должи на притисокот на претседателот на САД Доналд Трамп на американската централна банка за намалување на каматните стапки, пренесува „Индекс“.
фото freepic