Општество
Започна вештачкиот мрест на ендемичниот вид охридска пастрмка
17.01.2025
Државниот инспекторат за земјоделство денеска го означи почетокот на вештачкиот мрест на Охридската пастрмка.
Само денеска се изловени 63 полово зрели единки, од кои се измолзени, оплодени и инкубирани 70 илјади полово зрели зрна икри.
Заловените полово зрели единки ендемичен вид охридска пастрмка по измолзувањето се вратени во Охридското Езеро.
Активностите, како што посочуваат од Инспекторатот, се реализирани во соработка со Хидробиолошкиот завод од Охрид, со финансиска поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Од ДИЗ информираат дека нивните инспектори и понатаму ќе ги следат и поддржуваат процесите за подобрување на состојбата со рибниот фонд, особено на ендемичните видови каква што е охридската пастрмка.
Извор МИА
Фото: ДИЗЖЗ