Општество

Тошковски: Полицајците да ги опоменуваат граѓаните поради старите лични карти

10.01.2025

Старите лични карти нема потреба да се менуваат доколку има рок на важење. Со тие може да се премине и државната граница, изјави  Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска  од полицискиот одделение во Групчин, каде се отвори нова канцеларија за управните служби.

Тој  порача дека голем број лични документи се сменети со новото уставно име, но побара од полицајците само да ги опоменуваат оние кои тоа не го направиле досега.

- Упатувам апел да ги применат законските одредби коишто се однесуваат на опомена и на укажување на сите оние коишто да речеме во овој адаптибилен период сè уште ќе бидат затекнати со возачка дозвола која има важност во делот на рокот но не е согласно одредбите од законот, рече Тошковски.

Врз основа на важечка лична карта апсолутно дека може да се излезе од територија на Македонија во рамки на оние држави со кои имаме склучено билатерални договори за да можат да излезат и да влезат со важечка лична карта.

- Предметна лична карта којашто е важечка моментално може да стане неупотреблива само доколку тоа го констатира државата согласно закон или други акт. Таков акт во Македонија нема моментално. Сите лични карти кои се важечки во рамки на рокот кој е издаден ќе можат да бидат употребувани со сите држави со кои имаме договор, рече Тошковски.

Министерот оцени дека огромен број од пасошите се издадени согласно новото уставно име, дека нема метеж, а постапките се одвиваат без поголеми проблеми. 


Извор/фото МИА

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано