Општество
Лосон: Очекувам да изградиме уште побезбедна и просперитетна иднина за двете земји
Што очекувате од 2025г.
Економија и бизнис | печатено издание | 15 декември 2024г.
„Со новите влади во Обединетото Кралство и во Северна Македонија се ангажираме во градење и во продлабочување на нашите трговски и безбедносни партнерства кои и во моментов се силни. Обединетото Кралство останува втор најголем трговски партнер на Северна Македонија со вкупна трговија во вредност од 2 милијарди британски фунти, повеќе од половина од вкупната трговија на Обединетото Кралство и Западниот Балкан. Разгледуваме дијапазон на области каде што можеме да ја прошириме нашата економска соработка: инфраструктурата, енергетскиот сектор, рударството и здравствената заштита и се фокусираме на технологии што ќе се спротивстават на климатските промени и ќе испорачаат одржлив економски раст за сите. Нашата алатка за финансирање на извозот на Обединетото Кралство е растечка, силна движечка сила на британската надворешна трговија. Таа ќе помогне да се обезбедат до 4 милијарди британски фунти во облик на комерцијални заеми за проекти и за трговија меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, достапни и за бизнисите. Конечно, Британската бизнис-асоцијација им помаѓа на компаниите од обете земји да соработуваат и да го прошируваат својот бизнис во Северна Македонија. Јас сум горд на нашите одлични британско-македонски односи и очекувам да изградиме уште побезбедна и просперитетна иднина за двете земји“.