Општество
Рохас: Се надевам дека во 2025 година Северна Македонија ќе ја искористи можноста и ќе направи конкретни чекори напред кон својата ЕУ-интеграција
Што очекувате од 2025г.
Економија и бизнис | печатено издание | 15 декември 2024г.
„Имајќи го предвид постојниот моментум на проширувањето, се надевам дека во 2025 година Северна Македонија ќе ја искористи можноста и ќе направи конкретни чекори напред кон својата ЕУ-интеграција. Ова значи отворање на првиот кластер на преговорите штом се исполнат условите. Ова значи и искористување на можностите што постојат во рамките на Планот за раст, особено вклучувањето во СЕПА и полесна трговија со соседните земји преку зелените ленти. Остварувањето напредок во однос на реформската агенда ќе им донесе специфични бенефиции на граѓаните, ќе го олесни пристапот до единствениот пазар, ќе ја зголеми подготвеноста на Северна Македонија за приклучување кон ЕУ и ќе помогне да се фати приклучок со оние кои веќе преговараат. Ова ќе бара силна посветеност и политичка волја од страна на властите и конзистентни напори од јавните институции и од експертите. Следнава година ќе бидат и локалните избори, се надеваме дека ќе има натпревар на идеи и на програми наместо поларизација и напади. Ќе биде важно лидерите од целокупниот политички спектар да ја стават земјава на прво место, да работат заедно за постигнување напредок во однос на реформската агенда и на ЕУ-интеграцијата, како пред така и по локалните избори“.