Општество

Гаши: Новата 2025 година треба да донесе мерки и политики кои ќе обезбедат поквалитетен живот

Што очекувате од 2025г.?

„Од 2025 година очекувам Северна Македонија да продолжи да биде пример за успешен меѓуетнички соживот каде што различностите не се пречка, туку богатство. Единството и почитувањето меѓу заедниците се темелот на стабилноста и на просперитетот на нашава земја.
Воедно очекувам значителен напредок во спроведувањето на клучните реформи потребни за нашето приближување кон Европската Унија. Евроинтеграциите не се само цел туку и можност да изградиме подобри институции, да ги зајакнеме владеењето на правото и демократските вредности.
Исто така, како политичари, наша должност е да ги оправдаме очекувањата на граѓаните. Новата 2025 година треба да донесе мерки и политики кои ќе обезбедат поквалитетен живот – подобра економија, поефикасни јавни услуги и сигурност за секој граѓанин. Верувам дека со заеднички напор и визија ќе ја насочиме земјава кон поуспешна и поправедна иднина за сите“.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано