Економија

СТУДЕНОТО ВРЕМЕ ВО ЈАНУАРИ ЈА ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА ГАСОТ ВО САД

31.12.2024

Цените на природниот гас во Соединетите Американски Држави достигнаа максимална вредност во последната година откако пристигнаа прогнозите за пониски температури во јануари. Фјучерсите за февруари за природниот гас се зголемија за 19 отсто, по најновата понеповолна временска прогноза, која се однесува на тоа дека температурите за јануари ќе бидат пониски од вообичаениот просек, пред се на источниот брег на САД.  

На американскиот запад температурите ќе бидат поблаги од просекот, а над просечната температура се очекува во регионот меѓу сојузните држави Колорадо, Јута, Аризона и Ново Мексико.

Експертите предупредуваат на можни прекини во доставувањето на природниот гас поради екстремните температури.  Природниот гас во последните месеци забележа висока цена и раст од девет отсто во изминатата недела и речиси за 58 отсто од почетокот на годината, пренесува „Политика“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано