Економија
ПАД НА ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО
30.12.2024
Индустриското производство во ноември 2024 година, во однос на ноември лани, е помало 3,5 отсто. Во периодот јануари – ноември 2024 година, пак, во споредба со истиот период од 2023, индустриското прозводство е намалено за 3,8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, бележи опаѓање од 3,2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2,7 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 6,7 %.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хартија и производи од хартија, Печатење и продукција на снимени медиуми, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Поправка и инсталирање на машини и опрема.
Според главните индустриски групи, производството во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, бележи опаѓање кај Енергија за 6,6 %, Капитални производи за 11,1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,9 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,3 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 36,2 %.
фото freepic