Економија

НАСЕЛЕНИЕТО НА РОМАНСКИ РЕГИОН СО НАЈМАЛ РИЗИК ОД СИРОМАШТИЈА ВО ЕУ

19.12.2024

Во  2023 година 16,2 отсто од населението во Европската Унија или околу 71,7 милиони луѓе биле во ризик од сиромаштија. На регионално ниво, десет региони во ЕУ имале над 30 отсто од луѓето  во ризик од сиромаштија, објави европската статистичка служба Евростат.

Во најоддалечениот регион на Франција, Гвајана, повеќе од половина од луѓето се изложени на ризик од сиромаштија (53 отсто), а потоа следат Калабрија (40,6 отсто) и Сицилија (38 отсто).

Во ЕУ 26 региони забележаа учество на сиромашни чица под десет проценти.

Романскиот регион Букурешт-Илфов имаше најниска стапка на луѓе изложени на ризик од сиромаштија (2,1 отсто), пред италијанската  Провинција  Болзано (3,1 отсто) и белгиската Провинција Ост-Вландерен (5,4 отсто), пренесува „Бизнис.рс“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО