Финансии / Банкарство

ГЛАВНИОТ ЕКОНОМИСТ НА ЕЦБ: МОНЕТАРНАТА ПОЛИТИКА ДА СЕ БАЗИРА НА МОЖНИТЕ РИЗИЦИ!

02.12.2024

Европската централна банка (ЕЦБ) во иднина треба да ги темели одлуките за монетарната политика врз основа на ризиците, а не повеќе на краткорочните економски показатели, изјави Филип Лејн, главниот економист на ЕЦБ.

До пандемијата ЕЦБ монетарната политика главно ја засноваше на процена колку инфлацијата на среднорочен период од две години ќе биде одалечена од тогашната цел од два отсто, што според нивната дефиниција би означувала стабилност на цените.

По пандемијата инфлацијата силно забрза  и таа беше потикната од расчекорот меѓу понудата и побарувачката предизвикани од проблемите во синџирите за набавка. Потоа на растот на цените се надоврза и растот на цените на енергијата.

Во такви услови ЕЦБ се фокисираше на краткорочните показатели, следејќи ги податоците за инфлацијата и за понудата на парите, со што испрати сигнали дека има намера инфлацијата да ја смирува со скротување на потрошувачката.

- Кога процесот на дезинфлација ќе биде завршен, монетарната политика би требало во иднина, да ги следи евентуалните сигнали за новите шокови кои може да доведат до послаб или посилен инфлаторен притисок, изјави главниот економист на ЕЦБ, пренесува „Индекс.хр“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО