Економија

Невработеноста во Грција е најниска во последните 15 години

31.07.2024

Сезонската прилагодена стапка на невработеност во Грција во јуни се намали на 9,6 отсто во однос на претходниот месец кога изнесуваше 10,3 отсто. Невработеноста во Грција е најниска во последните 15 години, објави денеска Грчкиот завод за статистика ЕЛСТАТ.

Бројот на невработените на месечно ниво е намален за 30.600 и во јуни изнесува 456.700 лица, додека вработеноста бележи раст од 41.200 на 4,29 милиони.   

Бројот на лицата помлади од 75 години кои не учествуваат на пазарот на труд (лицата кои не работат и не бараат работа), се намали за 12.800 лица на 3,02 милиони.

Заводот за статистика на Грција објави дека годишната стапка на инфлација во јуни се намали на 2,3 отсто. Цените и храната во овој месец се зголемиле 2,1 отсто. Цените на услугите во хотелите и рестораните пораснале за 5,4 отсто што е забрзување во однос на зголемувањето од пет отсто во мај годинава, пренесува Б92.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано