Page 15 - maj 2020
P. 15

КВАРТАЛЕН ЕКОНОМСКИ МОНИТОР – ПРОЕКЦИИ КВ.1 2020














               График 4: Туризам
               (годишна промена)
                                                                Туризам: како што може да се види од графиконот со број 4,
                                                                туризмот во првите два месеци од 2020 година продолжи да за-
                                                                бележува солидни стапки на раст. притоа растот на бројот на
                                                                туристи изнесува 10,5 %, додека растот на ноќевања забележува
                                                                солиден раст од 5,1 %. Ваквиот позитивен резултат се очекува
                                                                значително да се влоши кога државниот завод за статистика ќе
                                                                ги  објави  податоците  за  март  имајќи  го  предвид  затворањето
                                                                на  надворешните  граници.  Ваквите  движења,  надополнети  со
                                                                солидниот раст на прометот во угостителството (во првите два
                                                                месеци, со очекување за голем пад во март 2020 година), упатува
                                                                на можност придонесот на туризмот во растот на Бдп да биде
                                                                умерено позитивен во првиот квартал од 2020 година.


               Извор: Државен завод за статистика

               График 5: Извоз и увоз
               г(одишнa стапка на раст)
                                                                Расходна страна:

                                                                Надворешно-трговска размена: извозот на стоки во првите два
                                                                месеци од 2020 година забележа раст од скромни 3,4 %, додека
                                                                увозот на стоки забележа нешто повисока стапка на раст од 4,9
                                                                %. Ваквите податоци го рефлектираат забавувањето на еконо-
                                                                мијата на нашиот најголем трговски партнер – Германија. слични
                                                                се  и  движењата  кај  количинските  износи.  Земајќи  ги  предвид
                                                                ваквите движења, како и очекувањата дека во март ќе се забе-
                                                                лежи драстичен пад кај извозот, а најверојатно поголем пад и на
                                                                увозот, се очекува умерен негативен придонес на нето-извозот
                                                                врз растот на Бдп во првиот квартал од 2020 година.


               Извор: Државен завод за статистика

               График 6: Кредити на приватен сектор
               (годишна промена)                                Лична потрошувачка: кредитирањето на приватниот сектор во
                                                                првите два месеца од 2020 година продолжи да расте. порастот
                                                                на просечната плата (12,3 % во јануари), како и растот на бруто-
                                                                приходите по основ на ддВ упатува на позитивен придонес на
                                                                личната потрошувачка врз растот на Бдп. сепак, влошување се
                                                                очекува во последниот месец од првиот квартал во 2020 година.
                                                                Бруто-инвестиции: движењата кај бруто-инвестициите се очеку-
                                                                ва да забележат позитивен придонес во првиот квартал од 2020
                                                                година. основни причини за ваквите очекувања се растот на гра-
                                                                дежништвото поддржано со номинално повисоки капитални ин-
                                                                вестиции финансирани преку Буџетот на република Македонија,
                                                                како и сѐ уште високиот раст на увоз на машини и на опрема.
                                                                надолен ризик претставуваат движењата во март кога всушност
                                                                и увозот на машини и на опрема драстично ќе забави.
               Извор: Државен завод за статистика

                                                                                  мај 2020                        15
   10   11   12   13   14   15   16   17   18   19   20