Page 14 - maj 2020
P. 14
КВАРТАЛЕН ЕКОНОМСКИ МОНИТОР – ПРОЕКЦИИ КВ.1 2020
Македонија 2025 прогнозира: Растот на БДП во КВ. 1 2020 ќе биде меѓу 2,0 % и 4,0 %
Според последните високофреквентни индикатори и досега расположливите податоци
предвидуваме умерено забавување на економскиот раст во првиот квартал од 2020 година.
Проекцијата се должи на следниве економски движења во првиот квартал од 2020 година:
Производна страна: График 1: Индустриско производство
Индустриско производство: по падот во последниот квартал (годишни стапки на раст)
од 2019 година, индустриското производство забележува низок
раст од 1,9 % во првите два месеци од 2020 година. Ваквото дви-
жење претставува позитивен импулс за растот на Бдп во анали-
зираниот период. подеталната анализа упатува дека нискиот
раст во најголем дел се должи на падот кај секторот снабду-
вање со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (пора-
ди ниската хидросостојба во Македонија), додека рударството и
преработувачката индустрија забележуваат солиден раст (8,6 %
и 5,6 % соодветно). ризиците кај индустриското производство се
зголемуваат имајќи го предвид забавувањето на глобалната еко-
номија, а особено забавувањето кај нашиот најголем трговски
партнер – Германија. поголемо намалување на индустриското
производство се очекува во третиот месец од 2020 година.
податоците за индустриското производство укажуваат дека ин-
дустријата ќе има умерен позитивен придонес во растот на Бдп
во првиот квартал од 2020 година. Извор: Државен завод за статистика
График 2: Трговија
Трговија: како што може да се види од графиконот со број 2, ви- (годишни промени)
соките позитивни стапки на раст од претходниот период веќе не
се присутни во првиот квартал од 2020 година. Вкупната трговија
забележува пад од 12 % во периодот јануари–февруари 2020 го-
дина при што падот се должи на високото намалување кај трго-
вијата на големо. истовремено трговијата на мало забележува
солидна стака на раст, додека стапката на раст кај трговијата со
моторни возила забележува скромен пораст од 3 %. движењата
кај трговијата на мало засега се во согласност со податоците во
Буџетот каде што се забележуваат повисоки прилив од наплата
на данок на додадена вредност. Меѓутоа, имајќи предвид дека
во март кризата со корона вирусот (ковид-19) длабоко навлезе во
македонската економија, се очекува дополнително влошување
и поголем пад кај трговијата во првиот квартал од 2020 година.
движењата кај трговијата ќе имаат силен негативен придонес во
растот на Бдп.
Извор: Државен завод за статистика
График 3: Извршени градежни работи
(годишна стапка на раст)
Градежништво: извршените градежни работи во јануари 2020
година забележаа висок раст од 30 %. Благата зима, како и
умереното интензивирање на градежните активности од стра-
на на Владата на република Македонија покажуваат позитивно
влијание врз градежништвото во република Македонија. сепак,
ниската реализација на капиталните инвестиции во јануари и
февруари 2020 година (иако номинално повисока од минатата
година) упатува на позитивен придонес на градежништвото во
првиот квартал од 2020 година.
Извор: Државен завод за статистика
14 мај 2020

