ВО КИНА ОТВОРЕН КАНАЛ ДОЛГ 134 КИЛОМЕТРИ ШТО ГО СКРАТУВА ВНАТРЕШНИОТ ВОДЕН ПАТ ДО МОРЕТО

Кинескиот канал Пинглу, долг 134,2 километри, започна со работа, а товарни бродови со тежина до 5.000 тони ќе можат да пловат низ него.

Каналот ќе го скрати внатрешниот воден пат до морето за повеќе од 560 километри за товарни бродови од југозападните кинески провинции. Изградбата на каналот започна во август 2022 година со цена од 72,7 милијарди јуани (10,83 милијарди долари).

Каналот претставува најголем пловен капацитет во светот меѓу каналите од ист тип. Започнува од устието на реката Пингтанг во Хангжу, Гуангси и ја следи реката Синџијанг сè до заливот Беибу. Се очекува каналот да даде силен поттик за трговијата и интеграцијата на индустриските синџири меѓу Кина и земјите од Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН), според аналитичарите.

Каналот Пинглу е клучен проект на Новиот меѓународен трговски коридор копно-море кој се поврзува со иницијативата „Еден појас, еден пат“, пренесува Еуроњуз.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано