СИНГАПУР СО НАЈМНОГУ ОТКАЗИ НА РАБОТНИЦИ ОД ВРЕМЕТО НА ПАНДЕМИЈАТА, бројот на откази се зголеми за 180 во однос на вториот квартал годинава

Во Сингапур, 4.800 работници беа отпуштени во третиот квартал од 2026 година, најмногу од последниот квартал од 2020 година, кога пазарот на трудот беше погоден од пандемијата на коронавирусот. Главната причина за отпуштањата беше реорганизацијата на бизнисот, објави Министерството за труд.

Бројот на откази се зголеми од 4.620 во вториот квартал, односно за 180 или околу 3,9 проценти.

Отпуштањата останаа на покачено ниво во секторите кои фокусирани на меѓународните пазари.

Поголем број отпуштања последен пат е забележан во четвртиот квартал од 2020 година, кога 5.640 работници ги загубија своите работни места. После тоа, отпуштањата беа намалени, додека ограничувањата за патување и губењето на работни места ги натераа некои странски работници да го напуштат Сингапур. Заминувањето на работниците придонесе за намалување на бројот на жители и помала достапност на работна сила.

Уделот на компаниите што очекуваат да отпуштат работници во следните три месеци се зголеми од 2,8 проценти во август на 3,1 процент во септември.

Министерството предупредува дека зголемениот број отпуштања, заедно со растот на намерите на работодавачите да го намалат бројот на вработени, укажува на слабости во одредени делови од пазарот на трудот што бараат внимателно следење.

Вкупната стапка на невработеност во септември остана на 2,0 проценти.

И покрај повеќе отпуштања, вкупната вработеност продолжи да расте. Бројот на вработени во третиот квартал се зголеми за 27.700, во споредба со растот од 11.400 во претходниот квартал и 25.100 во истиот период минатата година, пренесува Инвеститор.ме.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано