НАРОДНА БАНКА НА СРБИЈА ЈА ОДЗЕДЕ ЛИЦЕНЦАТА ЗА РАБОТА НА АЛТА БАНКА ВО БЕЛГРАД

На денешната седница, Извршниот одбор на Народната банка на Србија (НБС) донесе одлука за одземање на лиценцата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, беше објавено од канцеларијата на гувернерот.

Народната банка на Србија објави дека Агенцијата за осигурување на депозити ќе биде назначена за стечаен управник со судска одлука.

„Извршниот одбор констатира дека на одземањето на лиценцата му претходеле контролни активности насочени кон зголемување на нивото на ликвидност на банката. Утврдено е дека во претходниот период, финансиската состојба на банката значително се влошила и дека постои можност за дополнително влошување на финансиската состојба или ликвидноста на банката, а во овој поглед, интересите на штедачите на банката се во опасност“, се наведува во соопштението на НБС.

Имајќи предвид дека условите за одземање на лиценцата на банката се исполнети, во согласност со Законот за банки, Народната банка на Србија ја донесе горенаведената одлука со цел да ги заштити интересите на штедачите и да ја зачува стабилноста на финансискиот систем, се објаснува во соопштението. Се додава дека Агенцијата за осигурување на депозити ќе овозможи исплата на осигурените износи и располагање со средствата на штедачите во согласност со Законот за осигурување на депозити во рок од седум работни дена, пренесуваат медиумите во Србија.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано