ЗИМАТА ДОАЃА НА БАЛКАНОТ: СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ И МРАЗЕВИ ВО УТРИНСКИТЕ ЧАСОВИ

Во Република Српска и Федерацијата БиХ утре, 1 ноември, ќе биде облачно и постудено со обилни врнежи од дожд, повремено ветровито, а ќе паѓаат лапавица и снег со формирање снежна покривка во ридските и планинските подрачја.

Поголемиот дел од снегот ќе падне на планините на исток, објави Републичкиот хидрометеоролошки завод.

Србија влегува во период на постудено и понестабилно време, а наредните денови ќе донесат обилни врнежи од дожд, пад на температурата и први снежни врнежи на планините.

Иако до почетокот на зимата остануваат уште речиси два месеци, временските услови во Србија веќе почнуваат да наликуваат на зима. Облаците покриле голем дел од земјата, температурите паѓаат, а метеоролошките модели укажуваат на можност за обилни врнежи во наредните денови.

Посебно внимание привлекува прогнозата за почетокот на ноември, кога се очекува првиот изразен студен период, но и најавата за снег што би можел дури и да го достигне главниот град кон крајот на месецот.

Најмногу врнежи ќе има во централните и јужните региони, додека северниот дел од земјата ќе помине со малку помали количини на дожд.

Главниот бран на врнежи се очекува од недела до вторник.

Иако ќе врне во поголемиот дел од пониските области, снег се очекува на планините.

Според најавата, снежните врнежи треба да започнат на Златибор во сабота попладне или рано навечер, а потоа да продолжат во текот на ноќта и во недела наутро.

По дождливиот почеток на неделата, среда и четврток би можеле да донесат постепено намалување на облачноста.

Разведрувањето ќе овозможи поинтензивно заладување во текот на ноќта, па затоа утринските температури околу нула степени се очекуваат во четврток и петок.

Првите мразови би можеле да се појават и во урбаните средини, вклучително и околината на Белград, пренесуваат медиумите во регионот.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано