Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2026 година, во однос на септември 2026 година, изнесува 0,4 %, објави Државниот завод за статистика.
Во октомври 2026 година, во однос на септември 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 2,5 %, Рекреација, спорт и култура, Облека и обувки за 1,2 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 0,7 %, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0,3 % и Здравствена заштита за 0,1 %.
Во октомври 2026 година, во однос на септември 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 1,3 %, Ресторани и услуги за сместување за 0,7 %, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0,5 % и Транспорт за 0,3 %.
Трошоците на животот во групите: Услуги за образование, Осигурување и финансиски услуги и Информации и комуникации остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во октомври 2026 година во однос на септември 2026 година изнесува 100,2.
Индексот на трошоците на животот во октомври 2026 година, во однос на октомври 2025 година, бележи зголемување од 3,3 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3,2 %.
Фото Економија и бизнис








