Францускиот премиер Себастијан Лекурни за денес свика конференција со претставници на синдикатите и работодавачите, а фокусот на разговорот ќе биде барањето за зголемување на минималната плата.
Синдикатот CFDT бара зголемување на минималната нето плата за 100 евра, додека синдикатот CGT бара зголемување од 150 евра.
Министерот за труд Жан-Пјер Фаранду изјави дека зголемувањето е можно под услов да не го загрозува вработувањето.
„Доколку се случи зголемувањето, би било важно минималната плата да ја надмине границата од 1.500 евра нето“, рече Фаранду, отворајќи ја со тоа можноста за минимално зголемување од 22 евра.
Минималната плата во Франција моментално изнесува 1.477,93 евра нето месечно, пренесува Еуроњуз.рс.
Фото Економија и бизнис








