Вредноста на европските акции денес се малку повисоки, а банките и рударскиот сектор предводат во добивките, додека технолошките акции остануваат под притисок, а цените на нафтата од типот Брент паднаа на околу 96 долари за барел.
Според податоците од берзата, цената на Брент падна за 1,72 проценти на 96,628 долари за барел, а лесната американска нафта WTI за 1,21 процент на 89,707 долари.
Европските фјучерси за гас за декември беа продадени денес на отворањето на берзата во Амстердам TTF по цена од 87,245 евра за мегават-час, или околу 920 евра за 1.000 кубни метри, со коефициент од 10,5 MWh/1.000 m³.
Германскиот индекс DAX порасна за 0,52 проценти, францускиот CAC 40 за 0,19 проценти, британскиот FTSE 100 за 0,38 проценти, италијанскиот FTSE MIB за 1,05 проценти, а московскиот MOEX за 0,63 проценти.
Банкарскиот сектор забележа значителни промени поради деловните резултати и најавите за можни спојувања и преземања.
Фото Економија и бизнис








