Сертификатот претставува независна потврда за усогласеноста на ЧР практиките на НЛБ Банка со меѓународно признати стандарди и ја реафирмира стратешката определба на Банката за континуирано унапредување на работното искуство, развојот и добросостојбата на вработените. Со тоа, дополнително се зацврстува позицијата на НЛБ Банка како посакуван, одговорен и современ работодавач.
Веста за сертификатот беше споделена со вработените и нивните семејства за време на традиционалниот Family Day на НЛБ Банка, симболично поврзувајќи го признанието со неговата суштина: луѓето, нивното искуство и организациската култура што Банката континуирано ја гради. Во неформална и пријатна атмосфера, Банката заеднички одбележа успех кој претставува потврда на посветеноста кон создавање квалитетна и развојна работна средина.
„Ова признание е резултат на нашата долгорочна посветеност да градиме работна средина во која вработените се чувствуваат поддржани, вреднувани и мотивирани да се развиваат. Верувам дека задоволството на вработените е основа за квалитетна услуга кон клиентите, за одржлив раст и за создавање позитивно влијание во заедницата. Сертификатот Top Employer е дополнителна потврда дека сме на вистинскиот пат, но и обврска и натаму да ги унапредуваме нашите практики и култура.” – истакна Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Тони Стојановски во своето обраќање кон колегите.
Сертификацијата на НЛБ Банка произлезе од повеќемесечен, структуриран процес на институционална проценка и независна валидација на ЧР политиките, процесите и практиките на Банката од страна на Top Employers Institute. Притоа, беа оценувани клучни области од управувањето со човечките ресурси, вклучително развојот на таленти, организациската култура, учењето и напредувањето, инклузивноста и добросостојбата на вработените и низа други.
*Top Employers Institute е глобална организација која ги сертифицира компаниите врз основа на нивните практики во областа на човечките ресурси и искуството на вработените. Сертификатот Top Employer им се доделува на организации кои покажуваат посветеност кон создавање подобри услови за работа, континуиран развој на вработените и унапредување на организациската култура.








