ИНФО
- Град: Ванкувер
- Држава: Канада
- Капацитет: околу 54.000
- Отворен: 1983
- Домаќин: Vancouver Whitecaps
- Интересен факт: препознатлив по својата огромна купола и покрив што се отвора
BC Place во Ванкувер е еден од најпрепознатливите стадиони во Канада и ќе биде важен дел од Светското првенство 2026. Со својата огромна купола, модерен покрив и локација во центарот на градот, BC Place одамна е симбол на спортските и културните настани во западна Канада.
Отворен во 1983 година, стадионот низ годините помина низ сериозни реконструкции и денес претставува модерна мултифункционална арена. Неговиот покрив што се отвора е една од највпечатливите карактеристики и му овозможува на стадионот да создаде посебна атмосфера за различни спортски и музички настани.
BC Place е дом на Vancouver Whitecaps, еден од најпознатите канадски клубови во MLS лигата. Ванкувер има силна soccer-култура и публика што редовно создава одлична атмосфера на натпреварите. Во 2026 година, токму таа енергија ќе биде дел и од Светското првенство. Toj ќе биде домаќин на вкупно седум натпревари, вклучувајќи два од групните натпревари на Канада против Катар и Швајцарија и два нокаут натпревари во подоцнежните фази од турнирот. Останатите натпревари од групната фаза што ќе се играат на него се Австралија-Турција, Нов Зеланд-Египет и Нов Зеланд-Белгија.

Она што дополнително го издвојува овој стадион е неговата околина. Ванкувер важи за еден од најубавите градови во Северна Америка, опкружен со планини, океан и спектакуларна природа. За навивачите што ќе пристигнат на Мундијалот, BC Place ќе понуди поинакво искуство од типичните американски мегаполиси.
BC Place нема да биде само домаќин на натпревари — туку една од визуелно највпечатливите локации на целиот турнир.
Утре во серијалот „16 стадиони, еден Мундијал“:
Estadio BBVA (Монтереј) — модерниот мексикански стадион со спектакуларен поглед кон планините
Светско првенство 13/16 — BMO Field (Торонто): Канадската фудбалска приказна ќе биде дел од СП 2026








