Европската централна банка (ЕЦБ) веројатно ќе ги зголеми каматните стапки во декември, но не е сигурно каква ќе биде насоката на монетарната политика потоа, изјави денес членот на Управниот совет на ЕЦБ и гувернер на холандската централна банка, Олаф Слајпен.
Тој истакна дека Европската централна банка применува пристап на донесување одлуки на состанок по состанок, па затоа ќе донесеме одлука на следниот состанок во декември.
Неколку претставници на ЕЦБ, вклучувајќи го и претседателот на Бундесбанк, Јоаким Нагел, во претходните денови проценија дека централната банка би можела да биде принудена да ја заостри монетарната политика следниот месец поради претерано високата инфлација во еврозоната.
Агенцијата наведува дека Слајпен избегнувал да дава прогнози за движењето на каматните стапки во текот на 2027 година, наведувајќи дека има премногу неизвесност за веродостојно да се процени какви одлуки ќе донесе централната банка во тој период.
Тој посочи дека ЕЦБ ќе продолжи да ги проценува економските индикатори и инфлаторните трендови пред да донесе одлуки за монетарната политика, пренесува Политика.
Фото Економија и бизнис








