Лазаров: Најуспешните компании не ги доживуваат честите законски промени како товар, туку како можност

Современите компании очекуваат адвокатите да бидат стратешки партнери, а не само правни советници, оценува адвокатот Драган Лазаров од Адвокатската канцеларија „Лазаров“.

Во интервју за „Економија и бизнис“, Лазаров вели дека современиот бизнис бара длабоко разбирање на деловните процеси и способност за навигација низ сѐ покомплексното регулаторно окружување. Според него, најуспешните компании не ги доживуваат честите законски промени како товар, туку како можност, преку воспоставување системи за усогласеност со прописите.

„Најголемата промена е што клиентите повеќе не бараат правно мислење, туку деловно решение кое е правно одржливо“, истакнува Лазаров, додавајќи дека правните ризици денес се мерлив фактор што директно влијае врз успешноста на секој бизнис.


Прочитајте го целото интервју на ЛИНКОТ

Најчитано