Владеењето на правото е клучен предуслов за економски раст и привлекување домашни и странски инвестиции, смета адвокатот Драган Лазаров.
Во интервју за „Економија и бизнис“, тој нагласува дека инвеститорите пред сѐ бараат сигурна заштита на капиталот и функционални институции, а не само добро напишани закони. Според него, најголемиот проблем не е регулативата, туку нејзината доследна примена.
Лазаров се залага и за формирање специјализирани трговски судови како чекор кон поефикасна правна заштита на компаниите. Тој оценува дека бескомпромисната борба против корупцијата и доследното спроведување на законите се неопходни за подобрување на деловната клима и за зголемување на довербата на инвеститорите.
Целото интервју можете да го прочитате на ЛИНКОТ











