ХРВАТСКИОТ ПРЕМИЕР СО КРИТИКА ЗА ТРГОВЦИТЕ ЗА ВИСОКИТЕ ЦЕНИ, НО НЕМА МЕХАНИЗАМ ЗА КОНТРОЛА НА РАЗЛИКИТЕ ВО ЦЕНИТЕ  НА ОСТРОВИТЕ И ВО СЛАВОНИЈА

Не е нормално производите во континенталниот дел на Хрватска да бидат значително поевтини отколку на брегот и на островите, изјави денеска премиерот Андреј Пленковиќ.

„Не може нешто што чини, не знам, x во Осиек, да чини x плус еден, плус два или плус три тука. Тоа не е нормално. Особено ако станува збор за ист производ и сите мора да бидат разумни тука“, рече премиерот на Хрватска.

Тој додаде дека има разбирање за малопродажните синџири, бидејќи за нив туристичката сезона е она што е жетва за луѓето од Хвар, истакнувајќи дека „таа жетва мора да има некакво значење и смисла“.

Тој истакна дека за време на глобалната криза, медитеранските земји одлучиле да преземат разни мерки за да ги заштитат своите земји и компании и дека на малопродажните синџири им било кажано што се очекува од нив.

„Сите оние на пазарот се водат од тоа да имаат разумна политика на цени во однос на она што го нудат како услуга, ситуацијата е едноставно идентична за Хрватска“, рече премиерот Пленковиќ.

Тој нагласи дека е лошо ако производите на островите се поскапи отколку на континентот, не само за локалното население, туку и за туристите.

Во исто време, тој потсети дека владата нема дополнителни механизми на располагање за да влијае врз пазарната политика на малопродажните трговски синџири, освен ограничувањето на цените на поединечните производи, што веќе го направи.

„Немаме механизми, освен она што го направивме, да ги ограничиме цените на некои производи, да ограничиме сè во пазарна економија, тоа едноставно не е реално“, рече тој, пренесува Тпортал.

БЕЛ ЛЕБ 650 г

• Осиек: 1,99 евра

• Хвар: 2,35 евра

СВЕЖИ ЈАЈЦА К ПЛУС М 6/1

• Осиек: 2,29 евра

• Хвар: 2,69 евра

СВЕЖИ ЈАЈЦА К ПЛУС М 10/1

• Осиек: 2,45 евра

• Хвар: 2,45 евра

ПИЛЕШКО ФИЛЕ 500 г

• Осиек: 4,99 евра

• Хвар: 4,99 евра

Наполитанки

НАПОЛИТАНКи ОРИГИНАЛ 430 г

• Осиек: 2,49 евра

• Хвар: 2,49 евра

ПРИРОДНА ВОДА 0,5 l PET

• Осиек: 0,80 €

• Хвар: 0,97 €

Повеќе од истиот автор

Најчитано