Оваа иницијатива претставува потврда за посветеноста на Банката кон заштита на природата и унапредување на квалитетот на животот во заедницата, испраќајќи силна порака за важноста од одговорен однос кон природата и јавниот простор.
Со заеднички ангажман, вработените реализираа повеќе од 400 волонтерски часови, давајќи конкретен придонес за почиста и поздрава животна средина. Особена вредност на настанот му даде и учеството на дел од вработените заедно со своите деца, што дополнително ја нагласи важноста од градење еколошка свест, зачувување на природните ресурси и негување на одговорен однос кон животната средина кај идните генерации.

„Во НЛБ Банка веруваме дека вистинската одговорност кон заедницата се мери преку конкретни дела. Грижата за животната средина не е само наша стратешка определба, туку и обврска што ја живееме секојдневно, со личен пример, со активна вклученост и со јасна намера да придонесеме за подобар свет за генерациите што следат. Како институција што е длабоко поврзана со заедницата, ќе продолжиме да иницираме и поддржуваме активности што создаваат трајна вредност, ја јакнат еколошката свест и оставаат позитивен белег во просторот во кој живееме и работиме” – истакнуваат од НЛБ Банка.

Во изминатиот период, Банката реализираше и други еко-иницијативи, меѓу кои акцијата за чистење на отпад во Виница под мотото „За почиста Виница” во која учествуваа вработените во експозитурите на НЛБ Банка од источниот регион, како и донацијата на садници од лаванда за Холандскиот парк во Охрид, кои ги засадија учесниците на Лидерската конференција на Банката.
Еко-свесните и општествено одговорни активности претставуваат значаен сегмент од стратегијата на НЛБ Групацијата и се спроведуваат во сите земји каде што таа е присутна.








