Демировски од Номад Партнерс: Во Македонија е потребен странски кадар за 6,23% слободни места во угостителството 

Во Македонија најголем недостиг на работници има во угостителството. Според Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2026 година стапката на слободни работни места во секторот сместување и послужување храна изнесуваше 6,23 проценти, речиси трипати повеќе од вкупната стапка од 2,17 проценти. Најмногу слободни места, 2.980, беа евидентирани во услужните дејности и продажбата.

Одговор на оваа потреба дава Номад Партнерс, меѓународен оператор за мобилност на работна сила со искуство од една децинија во секторот, над 500 компании-клиенти во регионот и од минатата година со локална канцеларија во Македонија. Компанијата им помага на македонските работодавачи во процесот за регрутирање на работници од земји надвор од Европската Унија, со поддршка од селекцијата и документацијата до пристигнувањето и интеграцијата на работниците.

„Кога една компанија нема доволно работници, таа не може да го искористи својот производствен капацитет.Не може навремено да реализира договори, да прифати нови нарачки или да планира проширување на своето работење. На тој начин недостигот на работна сила престанува да биде само проблем на работодавачите и станува ограничувачки фактор за растот на бруто-домашниот производ, инвестициите и конкурентноста на државата.

Податокот дека само во угостителството 6,23 проценти од работните места се слободни, речиси трипати над просекот, покажува дека потребата за кадар е битка за раст и конкурентност на компаниите во Македонија. Решение е меѓународното регрутирање, со поддршка од селекцијата и документацијата до пристигнувањето и интеграцијата на работниците. Кога компанијата планира инвестиција, нова нарачка или проширување на услугите, истовремено мора да планира и кој ќе ја заврши работата. Нашата улога е да ги поврземе потребите на работодавачот со соодветни кандидати и да обезбедиме организирана поддршка низ целиот процес, за да се создаде стабилен работен однос што го поддржува растот на бизнисот“, вели Марин Демировски, основач на Номад Партнерс.

Особено загрижувачки е што во иднина инвеститорите нема да ја оценуваат Македонија само според даночните услови, инфраструктурата или цената на трудот, туку и според можноста да обезбедат стабилна и квалификувана работна сила.

Недостигот на работна сила е регионален предизвик. Во истиот квартал Грција, каде што Номад Партнерс исто така има канцеларија, евидентираше 46.368 слободни работни места, а Словенија околу 20.000. Светската банка проценува дека, доколку продолжат сегашните трендови, на Западен Балкан во следните пет години би можеле да недостигаат повеќе од 190.000 работници.

Номад Партнерс има канцеларии во региотнот и присуство на два континенти. Тимот е составен од луѓе од повеќе од десет националности и комуницира на над десет јазици, а компанијата работи со сопствена методологија за селекција во седум чекори. Зависно од договорениот опсег, поддршката опфаќа селекција на кандидати, подготовка на документација, работни дозволи и визи, транспорт, сместување и следење на работниците за време на ангажманот.

Кандидатите доаѓаат од Непал, Индија, Бангладеш, Узбекистан, Киргистан, Турција, Филипини и Виетнам. Во Македонија фокусот е на туризмот, хотелиерството и угостителството, производството и индустријата, земјоделството, градежништвото, енергетиката, салоните за убавина и другите услужни дејности.

„Подготовката за останување започнува пред пристигнувањето. Работникот мора да знае што прифаќа, а компанијата да биде подготвена да го исполни договореното. Довербата се гради секој ден, од редовната исплата и условите за работа до начинот на кој се решаваат проблемите. Тоа подеднакво важи за домашните и за странските работници“, изјави Митко Демировски, менаџер за Македонија.

Концептот што го поврзува регрутирањето со организирано сместување и интеграција на странските работници, со грижа за одржувањето и безбедноста на просторот и за културните и секојдневните потреби на луѓето.

„За човек што доаѓа да работи во друга земја, условите за живот се важен дел од одлуката да остане. Соодветното сместување и организираното приспособување создаваат подобра основа за долг и стабилен ангажман“, потенцира менаџерот Демировски.

Платите се важен дел од регионалната конкуренција за работници. Просечната месечна нето-плата во Македонија во август 2026 година изнесуваше 48.733 денари. Во Србија просечната нето-заработка за јули беше 121.346 динари, а во Словенија просечната нето-плата кај вработените во правни лица за истиот месец изнесуваше 1.695 евра.

Според Демировски, задржувањето на луѓето бара конкурентен надоместок, редовна исплата, предвидливо работно време, безбедна средина и коректен однос. Кај меѓународното вработување особено се важни разбирливите договорни услови, соодветното сместување кога е договорено и практичната поддршка при приспособувањето.

Светската банка во регионалната анализа од април 2026 година проценува дека Западен Балкан би добил над 2,8 милиони дополнителни работници доколку учеството на пазарот на трудот се приближи до она во споредливите земји од ЕУ, пред сè преку вклучување на повеќе жени и млади. Компанијата го гледа меѓународното регрутирање како дополнување на вложувањето во домашниот кадар, обуките и продуктивноста. Нивната цел е да се изградат долгорочни партнерства со македонските работодавачи, засновани на почитување на законските процедури, јасни услови за работа и сигурна поддршка.

Повеќе од истиот автор

Најчитано