Излегувањето на првиот состанок кој би можел да продолжи и во врска меѓу две лица претставува и „посериозен“ финансиски издаток за личниот буџет за граѓаните во Европа. Според извештајот „Мапирање на светските цени 2026“, објавен од Истражувачкиот институт на Дојче банк, сумата за состанокот се разликува во зависност од земјите и градовите во Европа и светот.
Меѓу 28 европски градови, два швајцарски града се на врвот на листата. Цената за првиот состанок во Женева изнесува 407 евра, додека во Цирих е 400 евра. Истанбул е најевтиниот град за состаноци со сметка од 168 евра.
Во пресметувањето на Индексот за евтини состаноци се вклучува трошокот за едно шише вино, еден пар фармерки, едно фустанче, две кафиња, оброк за двајца во ресторан од средна класа, два билети за кино, два билети за јавен превоз во еден правец и возење со такси од пет километри.
Помалку од 200 евра треба да се издвојат во италијанската престолнина Рим, каде што цената за првиот состанок изнесува 195 евра.
Просечната вредност за сите 28 градови е 270 евра. Податоците ги одразуваат цените од средината на 2026 година.
Запознавањето е исто така доста скапо во нордиските земји. Осло и Копенхаген го делат третото место, со по 323 евра. Стокхолм е шести, со 310 евра, додека Хелсинки е осми, со 296 евра.
Меѓу најголемите европски економии, Лондон е најскапиот град, со цена од 317 евра. Париз е блиску до европскиот просек, со 279 евра. Во Италија односно во Милано потребни се 278 евра, но само 195 евра во Рим, што покажува дека разликите во рамките на истата земја можат да бидат многу големи.
Трите германски градови вклучени во истражувањето имаат трошоци под европскиот просек и многу слични цени. Романтичната средба чини 260 евра во Минхен, а по 254 евра во Берлин и Франкфурт.
Во шпанските градови за првиот состанок треба да се издвои 219 евра во Мадрид и 213 евра во Барселона.
Во другите градови, трошоците се 294 евра во Даблин, 290 евра во Единбург, 271 евро во Брисел, 263 евра во Амстердам, 250 евра во Виена и по 225 евра во Варшава и Лисабон. Во Атина изнесуваат 222 евра, а во Прага 214 евра.
Истанбул е единствениот европски град меѓу 20-те најевтини во светот.
Во 28 европски градови евтин состанок чини просечно 270 евра, додека просечната цена во преостанатите 41 града е 195 евра.
На глобално ниво Њујорк е на осмо место, со 308 евра, Лос Анџелес 13-ти, со 288 евра, и Сан Франциско 14-ти, со 281 евро.
Сиднеј, со 270 евра, е блиску до Амстердам, каде што трошоците се 263 евра, додека Дубаи, со 243 евра, е блиску до Берлин, со 254 евра. Во Сингапур и Мадрид, цената е по 219 евра.
Кога ќе се земаат предвид приходите, рангирањето се менува: Цирих и Женева имаат најскапи состаноци, но во овие градови има и највисоки плати. Затоа трошоците за состаноци во овие градови зафаќаат најмал дел од месечната плата: 5,6 проценти од просечната нето месечна плата во Цирих и 6,4 проценти во Женева.
Следуваат Луксембург со 6,6 проценти, Амстердам со 6,7 проценти и Франкфурт со 7,2 проценти.
Ситуацијата е сосема поинаква во јужна и централна Европа. Евтин состанок во Атина чини 222 евра, што е малку повеќе од половина од цената во Цирих. Сепак, тој износ е дури 19,6 проценти од просечната нето месечна плата од 1.132 евра, што е најголем удел меѓу 28 европски градови.
Следуваат Истанбул со 16,7 проценти, Лисабон со 16,3 проценти и Будимпешта со 15,6 проценти.
Според податоците на Евростат, трошоците за состанокот во Атина би изнесувале 12,4 проценти од платата.
Привременото вработување и невработеноста негативно влијаат врз веројатноста за партнерство за самохрани мажи и жени во Европа, пренесува Еуроњуз.рс.
Фото Економија и бизнис








