Според грчките медиуми на плажата Калогрија на вторниот крак на Халкидики, оваа година ќе биде потопен воен брод од грчката морнарица, за да ги привлече нуркачите од земјата и од светот. Бродот ќе биде контролирано потопен под вода на длабочина од 27 метри, а морското дно дополнително ќе биде збогатено со вештачки гребени. Бродот ќе виде на 50 метри од плажата и нема воопшто да пречи на самата плажа. На самото место ќе биде забранет риболовот, па се очекува и дополнителен развој на подводниот свет со што би се добил акваруим на отворено.
Исто така, планирано е да бидат поставени и безбедности системи како и подводни камери.
Оваа локација е избрана заради чистата вода и големата видливост во текот на целата година.
Оваа плажа веќе долго време е многу позната помеѓу нуркачите, па не е ни чудно што баш таа е избрана за оваа атракција.
Станува збор за т.н „подводен парк“ кој е финансиран преку фондовите на ЕУ, а се очекува до летото да биде завршен, пренесува „Никана“.








