ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И АВСТРИЈА

Во организација на Стопанската комора на Северна Македонија и Трговското одделение при Австриската амбасада во Скопје (Advantage Austria) денеска во просториите на комората ќе се одржи Македонско-австриски бизнис-форум. -Настанот претставува платформа за интензивирање на билатералната економска соработка и директно поврзување на угледни австриски компании со надлежните македонски институции и ресорни министерства, како и со македонските […]

ГЕРМАНСКИТЕ ВОЗАЧИ СЕ СООЧУВААТ СО ЦЕНОВНА КРИЗА ЗА ДИЗЕЛОТ,  висок дневен раст на цените на дизелот, а економистите предупредуваат дека може да достигне до три евра за литар

Германските возачи доживеаја непријатен шок на бензинските пумпи во понеделник. Низ целата земја, цените на горивата пораснаа во просек за околу 20 центи по литар за само половина час. Во некои градови, зголемувањето на цените беше уште поголемо – дизелот одеднаш поскапе за 30 центи на една пумпа во Кирххајм, објавува Билд. Нагло зголемување на […]

ФЕД ПРЕД НОВО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ

Повеќето економисти очекуваат утре Федералните резерви на САД да ја зголемат референтната каматна стапка за 0,25 процентни поени на 3,75-4,00 проценти, што би било прво зголемување од јули 2023 година. Анкетата на Ројтерс покажа голем пресврт во однос на минатата недела, кога повеќе од две третини од економистите очекуваа Федералните резерви да ги остават каматните […]

ШТИПСКАТА ПАСТРМАЈЛИЈА ЌЕ БИДЕ ДОЛГА ДВА МЕТРИ

Над два метри долга ќе биде џиновската пастрамајлија, со која и свечено ќе се отвори манифестацијата  „Пастрмалијада 2026“ во Штип. Пекарот Николче Малинов вели дека за нејзината подготовка ќе бидат потребни околу 17 килограми свежо свинско месо, четири литри зејтин и 20 килограми брашно. Тој најавува дека годинава ќе се обидат да ја направат најголемата […]

ВО ЦЕНТАР КВАДРАТ ЗА СТАН ЗА 1.712 ЕВРА, ВО СТРУМИЦА ЗА 689 ЕВРА, куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра

Пазарот на недвижности во земјава во првата половина од 2026 година бележи умерен раст на активноста, со регистрирани 16.126 трансакции, што е за 2,2 отсто повеќе во однос на истиот период лани. Од нив, 11.395 се купопродажби, а 4.731 се закупи, при што вкупната вредност на купопродажбите достигнала 625,7 милиони евра, или 21,3 отсто повеќе […]

ХРВАТСКИТЕ КОМПАНИИ ВО ОГРОМЕН ПРОЦЕНТ СЕ СООЧУВААТ СО ДОЦНЕЊЕ ВО ПЛАЌАЊЕТО

Дури 83 проценти од хрватските компании се соочиле со доцнење во плаќањето од страна на клиентите во претходните 12 месеци. Во исто време, 84 проценти од анкетираните компании немале договорно осигурување за побарувања, додека повеќе од две третини им обезбедиле на своите клиенти рокови за плаќање од најмалку 30 дена. Средните и големите компании ги […]

ПРОСЕЧНА ПЛАТА ОД 1.200 ЕВРА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА, ветува Вучиќ, за економистите  во Србија зголемувањето на платите за 17 отсто е нереално

Просечната плата во декември во Србија ќе достигне 1.200 евра, односно дека се очекува зголемување на платите од осум проценти во јавниот сектор, а зголемување од 12 проценти за вработените во социјалната заштита, објави претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Зголемувањето на платите во јавниот сектор нема да чека на 1 јануари, туку ќе започне од […]

ВИЗИЈАТА НА ЕУ: ОДБРАНА, УКРАИНА И МИГРАЦИЈА, утре Фон дер Лајен ќе говори за состојбата на Европската Унија

Европскиот парламент ќе се состане оваа недела на пленарна седница во Стразбур, а главната тема на првата пленарна седница ќе биде годишниот говор на претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен за состојбата на Европската Унија, кој е закажан за среда наутро. Фон дер Лајен ќе ги презентира резултатите постигнати во текот на […]

ЗА ЛЕТНАТА СЕЗОНА ИМАШЕ ЗГУСНАТ АВИОСООБРАЌАЈ НА ЕВРОПСКОТО НЕБО, НАЈМНОГУ ДОЦНЕЊА ИМАЛО  ВО ФРАНЦИЈА, европските туристи одлучија да одмораат на континентот поради војната на Блискиот Исток

Европското небо беше попрометно од кога било за време на летната туристичка сезона, од јули до август 2026 година, и покрај прекините предизвикани од војната на Блискиот Исток. Според податоците објавени од Евроконтрол, европската организација за безбедност на воздушната навигација, во Европа имало просечно 35.959 летови дневно, што е за 2,4 проценти повеќе отколку во […]

ОТПОР ВО БОГАТИТЕ ЗЕМЈИ ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ ПРОТИВ МАЛИ СИПАНИЦИ, во светот околу 100.000 деца умираат од мали сипаници секоја година

Поради отпорот кон вакцинацијата во богатите земји, денес целосното искоренување на малите сипаници како глобална закана за јавното здравје повеќе не е изводливо, изјави Бил Гејтс во интервју за Ројтерс. Коосновачот на Мајкрософт и милијардер филантроп истакна дека бришењето на смртоносната детска болест од лицето на земјата претходно беше една од можните цели на неговата […]