Во организација на Стопанската комора на Северна Македонија и Трговското одделение при Австриската амбасада во Скопје (Advantage Austria) денеска во просториите на комората ќе се одржи Македонско-австриски бизнис-форум.
-Настанот претставува платформа за интензивирање на билатералната економска соработка и директно поврзување на угледни австриски компании со надлежните македонски институции и ресорни министерства, како и со македонските деловни субјекти, велат од Комората.
Фокусот на форумот е ставен врз актуелните и планираните капитални инвестиции, транзицијата кон обновливи извори на енергија, модернизацијата на сообраќајната мрежа и можностите за спроведување современи технолошки решенија.
Фото Економија и бизнис








