АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КАЛИФОРНИЈА ПЛАЌААТ НАЈВИСОКА ЦЕНА ЗА ДИЗЕЛОТ, цената за галон достигна 8,15 долари

Просечната цена на дизел горивото во Соединетите Американски Држави сруши уште еден рекорд, бидејќи достигна 6,23 долари за галон, според податоците на Националната автомобилска асоцијација. Калифорнија плаќа најмногу за дизел, дури 8,15 долари, по што следуваат Вашингтон со 7,22 долари и Хаваи со 6,93 долари. Најниските цени се во Вајоминг и Тексас, од 5,83 долари […]

МОЖНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ СТОЛБ, А НЕ НЕГОВО УКИНУВАЊЕ, изјави министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски

Не се размислува за укинување на вториот пензиски столб, туку за негова можна реконструкција, вели министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски.  – Да не го нарекуваме укинување, туку реконструкција на вториот пензиски столб, одговори министерот во интервју за 360 степени на МРТ, прашан дали Владата ја разгледува опцијата за укинување односно национализација […]

МИЦКОСКИ НА СРЕДБИ НА УЛТРАВИСОКО НИВО ВО САД

Средби на ултра високо ниво во рамки на Сенатот, Конгресот и Стејт департментот, со претставници на финансиската институција DFC, со државници и со влијателни тинк-тенк организации, најави вечерва премиерот Христијан Мицкоски кој утре со владина делегација заминува во посета на Соединетите Американски Држави (САД). Мицкоски ќе престојува во Вашингтон, но ќе учествува и на годинашното […]

СЛОВЕНИЈА ОСТВАРУВА ТУРИСТИЧКИ БУМ ВО КАМПУВАЊЕТО, странските кампери во просек трошеа 63 евра дневно

Бројот на ноќевања на туристите во камповите во Словенија се удвои помеѓу 2010 и 2025 година. Пред 16 години беа остварени 1,25 милиони ноќевања, додека минатата година имаше малку повеќе од 2,5 милиони, објави Заводот за статистика на Словенија. Растот е главно резултат на поголемиот број ноќевања од страна на странски туристи. Бројот на ноќевања […]

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ГИ ЗГОЛЕМУВААТ ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО КИНА, според студијата на ИВ германските компании практично немаат избор ако сакаат да останат конкурентни

Германските компании значително ги зголемија своите инвестиции во Кина во првата половина од оваа година. Од јануари до јуни, тие инвестирале околу 5,6 милијарди евра, што е за околу една третина повеќе отколку во истиот период минатата година, според студија на Германскиот економски институт (IW). Студијата се базира на податоци од германската централна банка. Иако […]

ВО ПОСЛЕДНАТА ДЕЦЕНИЈА СРБИЈА СЕ НАЈДЕ МЕЃУ НАЈДИНАМИЧНИОТ ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО РЕГИОНОТ, анализа на ИФИМЕС

Во текот на последната деценија, Србија постигна еден од најдинамичните економски достигнувања во Западен Балкан, а растот на платите, приливот на инвестиции, развојот на инфраструктурата и ИТ секторот значително ја зајакнаа нејзината регионална економска позиција, се наведува во анализата „Србија 2026: Од инвестициски модел до економија на знаење и регионално лидерство“ на меѓународниот институт ИФИМЕС. […]

КАМЕНИОТ МОСТ ЌЕ ДОБИЕ ВПЕЧАТЛИВА НОЌНА ВИЗУРА, современото осветлување ќе биде внимателно усогласено со архитектонските карактеристики и автентичноста на мостот

Почнаа активностите за архитектонско и декоративно осветлување на Камениот мост, еден од најзначајните симболи на Скопје и препознатливите обележја на градот. Проектот има за цел да ја истакне архитектонската убавина и историската вредност на Камениот мост, создавајќи впечатлива ноќна визура која ќе биде дел од препознатливата панорама на Скопје. Како што информираат од Град Скопје, […]

НАЈАВИ ОД ПЕРИНСКИ: Намалување на деновите за боледување што може да ги издаде матичниот лекар

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, денеска најави построги контроли на боледувањата нагласувајќи дека до Управниот одбор ќе биде предложена предлог-измена на Правилникот за боледување, со цел да се осигура дека средствата што ги исплаќаат стигнуваат до оние на кои им се најпотребни, како и за да се зајакнат механизмите што ќе овозможат […]

НАФТАТА ДОСТИГНА 108 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ, гасот над 1.000 долари

Цените на нафтата денес се искачија над 108 долари за барел откако серија напади со беспилотни летала ја принудија Саудиска Арабија да го затвори својот нафтовод Исток-Запад. Брент, меѓународниот репер, се искачи на 108,03 долари за барел, што е зголемување од 3,25 проценти. Зголемувањето на цените следеше по неколку напади од страна на јеменските Хути […]

ЗА ЕДНАКВА РАБОТА ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР ЕДНАКВА ПЛАТА, реформа до функционален систем на плати во јавниот сектор

Системот на плати во јавниот сектор денес се уште се карактеризира со различни правила, процедури и практики меѓу институциите. Тоа создава нееднаквости и ја отежнува примената на јасни и единствени стандарди за вреднување на работата. Затоа, воспоставувањето поусогласен, транспарентен и праведен систем на плати е една од важните реформи на кои Министерството за јавна администрација […]