Бројот на ноќевања на туристите во камповите во Словенија се удвои помеѓу 2010 и 2025 година. Пред 16 години беа остварени 1,25 милиони ноќевања, додека минатата година имаше малку повеќе од 2,5 милиони, објави Заводот за статистика на Словенија.
Растот е главно резултат на поголемиот број ноќевања од страна на странски туристи.
Бројот на ноќевања од страна на домашните туристи остана приближно ист во текот на 15-годишниот период, движејќи се околу 600.000. Исклучок беше периодот на пандемијата COVID-19.
Бројот на ноќевања од страна на странските туристи речиси се зголеми за трипати, од 657.000 во 2010 година на 1,9 милиони минатата година.
Според податоците на Заводот за статистика, минатата година на туристите во камповите низ Словенија им биле достапни речиси 34.000 кревети, од кои повеќе од половина биле во статистичките региони Горењска (27 проценти) и Горица (24 проценти).
Домашните туристи учествувале со една четвртина од ноќевањата во камповите во 2025 година.
Меѓу странските туристи, речиси три четвртини (74 проценти) од сите ноќевања биле остварени од гости од шест земји: Германија, Холандија, Австрија, Чешка, Полска и Италија.
Туристите од Германија оствариле 225.000 пристигнувања и речиси 630.000 ноќевања, односно една третина од сите ноќевања на странски туристи во камповите.
Домашните туристи просечно поминувале 3,2 ноќевања во камповите, додека странските туристи престојувале 2,8 ноќевања. Меѓу споменатите земји, туристите од Холандија престојувале во камповите најдолго, во просек 4,1 ноќевања, додека гостите од Италија престојувале најкратко, 2,2 ноќевања.
Туристичките посети на камповите се многу сезонски. Минатата година, четири петтини, или 80 проценти, од сите ноќевања беа направени помеѓу јуни и септември.
Странските кампери во просек трошеа 63 евра дневно. Тие плаќаа просечно 27 евра по лице дневно за сместување во кампот, што претставуваше 43 проценти од нивните вкупни дневни трошоци. Просечно 36 евра по лице дневно беа издвоени за други трошоци, пренесува Бизнис.ба.
Минатата година, Словенија извезе речиси 15.000 кампери во вредност од 922 милиони евра, главно во Германија, каде што беа продадени кампери во вредност од 483 милиони евра, или 52 проценти од вкупната вредност на извозот. Во однос на вредноста на извозот, следеа Франција и Обединетото Кралство.
Словенија увезе 334 кампери во вредност од 18,3 милиони евра. Повеќето од нив беа увезени од Германија – 135 кампери во вредност од 7,6 милиони евра, додека 91 кампер во вредност од нешто помалку од 4,7 милиони евра беа увезени од Италија.
Од Словенија беза извесени шатори во вредност од 11,5 милиони евра, главно во Холандија, каде што беа продадени 5,6 милиони евра. Вредноста на увозот на шатори изнесуваше 6,1 милион евра, што е приближно половина од вредноста на извозот. Повеќето шатори, 22 проценти од вкупната вредност на увозот, пристигнаа од Италија, по што следуваат Романија, Германија и Кина.
Фото Економија и бизнис








