Просечната цена на дизел горивото во Соединетите Американски Држави сруши уште еден рекорд, бидејќи достигна 6,23 долари за галон, според податоците на Националната автомобилска асоцијација.
Калифорнија плаќа најмногу за дизел, дури 8,15 долари, по што следуваат Вашингтон со 7,22 долари и Хаваи со 6,93 долари. Најниските цени се во Вајоминг и Тексас, од 5,83 долари за галон, како и во Оклахома, каде што цената е 5,84 долари.
Од почетокот на годината, цената на дизелот на пумпите во САД се зголеми за дури 68,3 проценти.
Претходниот рекорд беше поставен на 11 септември, кога просечната цена на дизелот во Америка беше 6,05 долари за галон.
Истото се случува и со цената на бензинот, која достигна 4,32 долари за галон, што е за 24 центи повеќе од пред еден месец, а за 1,14 долари поскапо од пред една година, пренесува Данас.
Фото Економија и бизнис








