НАФТАТА ДОСТИГНА 108 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ, гасот над 1.000 долари

Цените на нафтата денес се искачија над 108 долари за барел откако серија напади со беспилотни летала ја принудија Саудиска Арабија да го затвори својот нафтовод Исток-Запад. Брент, меѓународниот репер, се искачи на 108,03 долари за барел, што е зголемување од 3,25 проценти. Зголемувањето на цените следеше по неколку напади од страна на јеменските Хути […]

ЗА ЕДНАКВА РАБОТА ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР ЕДНАКВА ПЛАТА, реформа до функционален систем на плати во јавниот сектор

Системот на плати во јавниот сектор денес се уште се карактеризира со различни правила, процедури и практики меѓу институциите. Тоа создава нееднаквости и ја отежнува примената на јасни и единствени стандарди за вреднување на работата. Затоа, воспоставувањето поусогласен, транспарентен и праведен систем на плати е една од важните реформи на кои Министерството за јавна администрација […]

НЕДЕЛЕН ПАД НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ, централните банки на развиените земји ги зголемуваат каматите

На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела, бидејќи инфлацијата расте поради високите цени на нафтата, па централните банки почнаа да ги зголемуваат каматните стапки. На Волстрит, индексот Дау Џонс падна за 1,6 проценти на 52.573 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,8 проценти на 7.656 поени, а Nasdaq изгуби 0,7 проценти на […]

ПРОГРАМЕРИТЕ ПОВЕЌЕ НЕ СЕ НАЈБАРАНИ РАБОТНИЦИ, 1.700 евра плата за бравари во Србија  

Во август, работодавачите во Србија барале 13.133 работници, според податоците од Националната служба за вработување, а најбарани биле браварите за кои биле објавени 687 слободни работни места, а за кои, според податоците од веб-страницата „Кликдопосла“, се нуди плата од 130 до дури 200 илјади динари. По нив следуваат чистачите на соби, имено хотели, канцеларии, тоалети […]

ДЕНЕСКА СО НОВИ ЦЕНИ НА БЕНЗИНОТ И ДИЗЕЛОТ, Владата го намали ДДВ-то за дизелот, мерката ќе важи до 28 септември

Владата  соопшти дека на седница е донесена одлука за намалување на ДДВ-то од 18 на 10 проценти за дизелот. Одлуката, како што информира Владата, е со цел да се ублажи ценовниот удар врз граѓаните и стопанството во услови на кризна состојба поради можноста за нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати.  Согласно пресметките на […]

ТРАМП БАРА ОД УКРАИНА ДА НЕ ГИ НАПАЃА РУСКИТЕ НАФТЕНИ ПОСТРОЈКИ БИДЕЈЌИ СЕ ЈАВУВА НЕДОСТИГ НА ДИЗЕЛ, дополнителен проблем е штетата на главниот нафтовод во Саудиска Арабија

Саудиска Арабија ќе остане без нафта за извоз ако не го обнови работењето на својот главен нафтовод до Црвеното Море во рок од неколку дена, што ќе доведе до губење до четири проценти од глобалната понуда, изјавија за Ројтерс купувачите и трговците со нафта од Саудиска Арабија. Понатамошниот пад на саудиските залихи би го влошил […]

ДИЗЕЛОТ ВО ГЕРМАНИЈА СЕ ПРОДАВА ЗА 2,56 ЕВРА ЗА ЛИТАР

Цените на германските бензински пумпи вртоглаво растат, па литар дизел или бензин чини околу 20 центи повеќе од вчера. На ниво на цела Германија, цената на литар дизел на пладне се зголеми на вртоглави 2,56 евра. Пред тоа, беше за околу 20 центи пониска. Иако скокови од таков обем може да се видат и во […]

УТРЕ БЕЗ ВОДА дел од Бит Пазар, без струја дел од Бардовци

Поради планирано исклучување на водоснабдувањето утре без вода од 9 часот ќе бидат корисниците од улиците „Петре Георгиев“, „Отокар Кершовани“, „Крсте Мисирков 14“ и Амбулантата Бит Пазар. Прекинот ќе трае до санирање на дефектот. Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија, информира и за прекини во електродистрибутивната мрежа. Во […]

ТРАМП НЕ Е ПРОТИВ КИНА ДА ПРОИЗВЕДУВА АВТОМОБИЛИ ВО САД, американските производители се противат

Американскиот претседател Доналд Трамп во изјави дека не е против можноста кинеските компании да произведуваат автомобили во Соединетите Американски Држави и покрај силното противење од американските пратеници и автомобилската индустрија. „Ако Кина сака да дојде и да отвори фабрика за производство на своите автомобили тука, тоа би било во ред за мене“, изјави Трамп во […]

ЧЕШКА СТАНУВА ПРИВЛЕЧНА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА ЕКОНОМСКА ЕМИГРАЦИЈА, во земјата има 12 странски работници на 100 жители

Во Чешка која им десет милиони локални жители, живеат и повеќе од еден и пол милион луѓе со странско потекло. „Во 2015 година, имало околу четири економски населени странци на секои сто жители. Во 2025 година имало речиси дванаесет, објаснува Владимир Кармиет од Чешкиот завод за статистика. Ако ги земеме предвид официјалните податоци на заводот […]