УТРЕ БЕЗ ВОДА дел од Бит Пазар, без струја дел од Бардовци

Поради планирано исклучување на водоснабдувањето утре без вода од 9 часот ќе бидат корисниците од улиците „Петре Георгиев“, „Отокар Кершовани“, „Крсте Мисирков 14“ и Амбулантата Бит Пазар.

Прекинот ќе трае до санирање на дефектот.

Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија, информира и за прекини во електродистрибутивната мрежа.

Во периодот од 09 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата 6 во Бардовци.


Извор МИА

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано