Времен режим на патот Кичево – Охрид кај Пресека – Песочан

На автопатот Кичево – Охрид во делот Пресека – Песочан кај клучката Арбиново од денеска се воведува времен режим на сообраќај поради санација на левиот коловоз.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања.

Повеќе од истиот автор

Најчитано