Промоција на новата зимска маркација од Попова Шапка до Титов Врв

Новопоставената маркација на зимската планинарска патека од Попова Шапка до Титов Врв ќе биде промовирана денеска на Попова Шапка во рамки на Славков-проектот „Маркација на планинарски патеки во Северна Македонија“.

Проектот е финансиран од амбасадите на Австрија, Чешка и Словачка, а го спроведуваат Планинарската федерација на Северна Македонија и организацијата Одржливи авантуристички патувања – Скопје.

На промоцијата е најавено присуство на амбасадорите на Австрија, Чешка и Словачка, градоначалниците на Тетово и Боговиње, претставници на Министерството за култура и туризам, Националниот парк „Шар Планина“ и други институции и организации вклучени во реализацијата на проектот.

По официјалниот дел ќе биде организирана планинарска тура низ пределите на Шар Планина, од Церипашина до врвот Антени на 2.530 метри надморска височина.

На настанот ќе присуствува и познатиот чешки алпинист и добитник на престижната награда „Пиолет д’Ор“, Марек Холечек, кој престојува во земјава како специјален гостин на Фестивалот на планински филм ЕХО.

Промоцијата ќе почне во 9 часот кај информативната табла во близина на хотелот „Скардус“ на Попова Шапка, а претставниците на медиумите ќе имаат можност да проследат изјави и да снимат видеоматеријали од настанот. 


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано